Мозок
Черепниот
мозок претставува виш нервен
центар и е дел
од централниот нервен
систем. Кај ’рбетниците е сместен во черепот. Неговиот степен на развој
соодветствува на општата градба на ’рбетниците, така што черепниот мозок е
најслабо развиен кај најпримитивните, а најсложено кај највисоко организираните
’рбетници - птиците и цицачите. Нервното ткиво кај черепниот мозок е претставено со два вида: сива маса (од невроцити и дендрити) и бела маса (од аксони), при
што белата е распространета во централниот дел, додека сивата во периферниот
дел, претставена со мозочна кора и субкортикални јадра. Черепниот мозок е составен од неколку делови, и
тоа преден (голем) мозок, меѓумозок, среден мозок, заден
(мал) мозок и продолжен мозок.

Мал мозок
Функциите на малиот мозок
се изпитуваат било со дразнење на неговите одделени делови, било со делумно или
потполно отстранување на малиот мозок или одделени делови, било со делумно или
потполно отстранување на малиот мозок или пак со следење на биоелактричната
активност. Кај животно кај кое е отстранет малиот мозок се забележуваат промени
во движечките функции на организмот. Промените ги има опишано италијанскиот
физиолог Лучијани, уште пред крајот на минатиот век.

Голем
Мозок
Голем мозок е најголемиот дел од мозокот. Тој ги препокрива сите останати
делови. Во него со феноменот наречен меморија собираме голем број информации.
Исто така со негова помош асоцираме, проценуваме, размислуваме,
се премислуваме, доброволно се пријавуваме. Поделен е на две половини- хемисфери
кои комуницираат меѓу себе преку густа лента од нерви наречена мозочно тело или
мозочна греда (корпус колозум). 

Меѓумозок
Меѓумозок- сместен меѓу мозочните хемисфери и мозочното стебло. Тој ги препраќа информациите на големиот
мозок, а исто така одговорен
е за спиењето и некои емоции (страв, милост). 

Мозочно Стебло
Мозочното стебло кое го поврзува големиот мозок со 'рбетниот мозок. Контролира
витални фукнции, како срцева работа и дишењето.Мозочното стебло
всушност го сочинуваат средниот мозок (одговорен за сеќавање и емоции) и продолжениот мозок (ги
контролирарефлексните реакции-
кивање, кашлање
, голтање и
др..
